Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните на ЕУ кои не побарале право да останат во земјата по брегзит, изјави денеска координаторот за брегзит на Европскиот парламент, Ги Верхофстат.

Верхофстат, кој се состана со британските министри во четвртокот, вклучувајќи го и министерот за брегзит Стивен Баркли, рече дека е потврдено зс „грејс период“ за оние кои не аплицираат за статус на престој до крајниот рок во јуни 2021 година.

Што ќе се случи со тие луѓе дури и по грејс периодот? Па, нема да има автоматско депортирање, изјави Верхофстат за радио Би-Би-Си.

После грејс периодот, тие ќе имаат можност да аплицираат, давајќи причини зошто тоа не било можно во нормални процедури, објасни тој.

Позицијата на Верхофштат ја потврди и портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.