Севeрнокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на пленарна седница на Централниот комитет на владејачката Работничката партија на Северна Кореја упати критика до дел од државните органи дека се пасивни во спроведувањето на плановите утврдени на Осмиот Конгресот на партијата.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА јави дека Ким на седницата поднел извештај за спроведување на петгодишниот економски план и „покажа одлучност и волја Централниот комитет да продолжи со економска изградба и покрај тешките околности “.

Тој во извештајот повторно побара зголемување на производството на железо, челик и ѓубриво, и ги постави овогодинешните цели во клучните индустриски области – електричната енергија, јагленот, железничкиот транспорт, градежните материјали, лесната индустрија и трговијата.

Пленарните седници на Централниот комитет обично се одржуваат еднаш годишно на кои се одлучува за политичките насоки. Конгресот на владејачката Работничката партија на Северна Кореја се одржа во јануари и траеше четири дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.