Под специјални протоколи и само во надворешните делови, од денеска почнуваат со работа угостителските објекти на Кипар, а полицискиот час наместо од 21 ќе почнува од 23 часот, јави дописничката на МИА од Атина.

Рестораните, таверните, кафулињата, пивниците, баровите и останатите угостителски објекти кои имаат надворешни делови, односно се без покрив и отворени од три страни согласно протоколите, од денеска се отворени со работно време до 22.45 часот.

Ќе работат исклучиво со маси на кои се дозволени најмногу осум лица, забрането е да пуштаат музика која гостите би ги натерала да танцуваат и да станат од масите, а маската е задолжителна за вработените.

Од почетокот на епидемијата, на Кипар се регистрирани 39.869 случаи на Ковид-19, а починаа 240 лица. Хоспитализирани се 208 пациенти, од кои 40 во сериозна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.