Британската полиција на „Твитер“ објави шокантната снимка, на која се гледа како млада негователка малтретира старица со деменција. Видеото е објавено откако 29-годишната Џени Дејди е осудена на шестмесечна затворска казна за малтретирањето на нејзината 69-годишна пациентка Лиз Јангс.

Ќерката на Лиз во текот на летото 2019 година забележала дека нејзината мајка има ситни повреди, модринки и ранички, по што решила да снима што се случува во нејзиниот дом.

Видела како Дејди насилно ја тера нејзината мајка да јаде, вербално и физички ја напаѓала. На објавеното видео се гледа како негователката ја корне за косата, ја влече за нос, и забива прсти во лице.

Надзорните камери снимиле уште многу инциденти и нечовечко однесување, а видеото е објавено за да се предупреди јавноста дека и вакви случаи постојат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.