Осудениот неонацист, негатор на Холокаустот и еден од основачите, а подоцна и правен застапник, на Фракцијата на црвените бригади (РАФ), Хорст Малер, излезе од затвор по отслужување на 10 годишната казна.

Малер, кој денеска има 84 години, во 2009 година беше осуден на затворска казна поради ширење национална омраза.

Тој припаѓа на првата генерација на екстремно левичарската Фракција на црвените бригади, која ја основал заедно со Андреас Бадер и Улрике Мајнхоф. На почетокот на 70-те години од минатиот век, Малер беше осуден на 14 години затвор поради грабеж на банка.

Во 90-те години од минатиот век, Малер политички се сврте кон екстремната десница и стана еден од водечките членови на неонацистичката Национал-демократската партија на Германија (НПД), истакнувајќи се со антисемитски испади и ширење омраза кон странци.

Според актуелната пресуда, Малер во иднина ќе биде под контрола на властите и нема да му биде дозволено објавување текстови без претходна проверка од страна на власта. Малер поднесе жалба на ваквата судска одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.