Јужна Африка денеска регистрира речиси 20.000 нови случаи, што е рекордна бројка од почетокот на бранот на варијантата Омикрон од крајот на ноември.

Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) на својата Интернет страница соопшти дека се регистрирани 19.842 нови случаи на Ковид, така што вкупниот број на заразени е 3.071.064 од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа починале 36 пациенти, со што вкупниот број на починати од Ковид се искачи на 90.038.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани за 374, па сега има 4.252 пациенти во болниците низ Јужна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.