Во текот на оваа недела во Берлин ќе пристигнат 1.500 американски војници кои потоа продолжуваат во Полска, на полигонот за воени вежби со војската на таа држава.

Во вторникот од базата „Форт Блис“ во Тексас, во Германија пристигнаа првите 350 војници, а командата на американската војска за Европа соопшти дека пристигнувањето на американските војници не е одговор на некоја реална ситуација, туку вежба за поддршка на НАТО при акциите за брза реакција.

Концептот кој го разви поранешниот американски министер за одбрана Џим Матис подразбира воена акција за брза реакција со цел на противниците да им се покаже воената подготвеност, но и „стратешката предвидливост на НАТО сојузниците и партнерите“.

За потребите на обуката, во околината на Дравско-Приморскја, која ќе трае неколку недели, од Холандија ќе бидат донесени 700 оклопни и други парчиња воена опрема

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.