Велејќи дека со влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе има повеќе северноатлантски сојузи на руските граници, генералниот секретар на организацијата покажува дека на училиште не учел географија, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.

Тој рано се радува. Не учел географија на училиште. Во случај Финска и Шведска да влезат во НАТО, ќе има повеќе Русија на неговите граници – му одговори Володин на Столтенберг на неговиот канал на Телеграм.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека го поддржува приемот на Финска и Шведска во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.