Нов силен земјотрес, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, ја погоди областа во близина на Нов Зеланд, објави Американската агенција за геолошки истражувања.

Епицентарот бил на длабочина од девет километри и на околу 180 километри североисточно од градот Гизборн.

Нема информации за можни жртви од земјотресот. Не е издадено предупредување за цунами.

Во изминатите неколку дена беа регистрирани голем број силни земјотреси на Нов Зеланд, меѓу кои и земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтеровата скала на 4 март.

Властите ги предупредија жителите на крајбрежните области на Северниот остров да се евакуираат, поради можноста од голем бран, но цунамито не го погоди островот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.