Маж осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата и нејзиното семејство бил невозможен, објави италијанската полиција.

Станува збор за 30-годишен Албанец, кој живее во градот Гидонија Монтечело во близина на Рим.

Во очај решил да побегне, сам се пријави и побара да ја издражи казната зад решетки, информираат од полицијата.

Човекот е осуден на домашен притвор, каде што се наоѓа веќе неколку месеци поради злосторства поврзани со дрога. Таквата казна требало да ја издржува неколку години, што му изгледало безнадежно, изјави Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Рекол дека животот му станал пекол и дека веќе не може да издржи, па сака да оди во затвор.

Кога се пријавил во полицијата, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните органи наредиле да биде ставен зад решетки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.