Американската Управа за храна и лекови (ФДА) одобри употреба на засилувачка (бустер) доза на вакцините против Ковид-19 произведени од „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“. Од агенцијата нагласија дека како дополнителна доза може да се прими и вакцина што се разликува од онаа што е примена претходно.

Ваквата одлука го отвора патот за милиони луѓе во САД да се вакцинираат со трета доза со цел да добијат дополнителна заштита од варијантата Делта, што предизвикува инфекции кај некои луѓе кои се целосно вакцинирани.

Федералниот регулатор објави стратегија за комбинирање на вакцините во момент кога официјално ги одобри засилувачите за вакцините од компаниите „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“. Пред околу еден месец ФДА одобри засилувачка доза од вакцината на „Фајзер/БиоНТек“.

Одлуката да се дозволат дополнителни дози на вакцини „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ доаѓа по студија објавена минатата недела од Националниот институт за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.