Кинеските здравствени експерти повикаа на прекин на употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“ на старите лица поради смртните случаи во Норвешка, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“.

„Кинеските здравствени експерти ги повикаа Норвешка и другите земји да ја прекинат употребата на mRNA-вакцините против коронавирус, произведени од компании како што Фајзер особено кај постарите лица. Ова барање беше предизвикано од сомнежи во безбедноста на овие вакцини во врска со смртта на 23 постари Норвежани кои ја примиле вакцината, пишува весникот, повикувајќи се на интервјуирани експерти.

Според кинескиот имунолог когo весникот го наведува, новата вакцина заснована на mRNK била развиена брзо и никогаш не била широко користена за спречување на заразни болести, а нејзината безбедност не е потврдена со широко распространетата употреба при вакцинација на луѓето.

Кинеските експерти истакнуваат дека смртта треба внимателно да се анализира за да се утврди дали смртта била предизвикана од вакцини или од некое хронично заболување.

Од своја страна, вирусологот од универзитетот во Вухан, Јанг Жанци, изјавил дека ако се докаже дека смртните случаи биле предизвикани од вакцините, тогаш ефективноста на вакцините „Пфајзер“ и другите mRNK вакцини нема да биде толку голема како што се очекувало, бидејќи основната цел на вакцината се базира на на mRNK – третман на пациентот.

Претходно беше објавено дека 23 лица починале во Норвешка откако ја примиле вакцината од американската компанија „Фајзер“ и германскиот стартап „Бионтек“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.