Руската полиција уапси неколку приврзаници на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални на аеродромот Внуково во Москва, додека чекале да слета, пренесе ОВД-Инфо.
Навални вечерва се врати од Германија во Русија и слета на московскиот аеродром Шереметјево откако неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите.
ОМОН вытесняет людей из здания аэропорта "Внуково" #навальный pic.twitter.com/Wl6AxOn6S5
— Радио Свобода (@SvobodaRadio) January 17, 2021
На видеата објавени на социјалните мрежи може да се види како полицијата ја носи опозициската политичарка Љубов Собол од терминалот на аеродромот Внуково, објави Ројтерс.
Видео задержания Любови Соболь аэропорту "Внуково". Задержан также брат Алексея Навального Олег. Автор видео – Антон Сергиенко (RFE/RL) #навальный pic.twitter.com/jfnAqAX1Md
— Радио Свобода (@SvobodaRadio) January 17, 2021
Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални ја напушти Германија, каде се лекуваше поради наводно труење, за да се врати во Русија, каде му се заканува затворска казна.
На Навални од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.