Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, е префрлен во казнена колонија, што се наоѓа на 200 километри источно од Москва.

Како што соопшти москвската Јавна комисија за надзор (ОНК), навални е сместен во колонијата за издржување на казната,

Алексеј Навални пристигна во рускиот казнено-поправен дом во регионот Владимир каде ќе ја издржува казната – се вели во соопштението на ОНК.

Генералниот секретар на Комисијата, Алексеј Мељников, за Интерфакс изјави дека Навални, кој осуден на две и пол години затвор, прво ќе биде ставен во карантин некое време, а потоа ќе биде префрлен во една од казнените колонии во регионот. Според извори на ТАСС и Рија Новости, Навални наскоро ќе биде префрлен во казнената колонија број 2, лоцирана во градот Покров, во регионот Владимир во европскиот дел на Русија.

Според руските медиуми, во овој вид колонија важат „вообичаените правила“, што значи дека условите во затворот се нешто помалку тешки отколку во другите одделенија и дека таму казна издржуваат околу 800 затвореници.

Во петокот, шефот на руските затворски служби, Александар Калашников, ги увери новинарите дека Навални бил „префрлен таму каде што треба да биде во согласност со судската одлука“ и дека тој „не се соочува со закани по живот или здравје“.

Навални ќе ја отслужи казната во апсолутно нормални услови – изјави Калашников, додавајќи дека затвореникот, доколку сака, ќе учествува во некои активности во производствените капацитети.

Таквите казнени колонии се наследство од Советскиот сојуз. Повеќето затворски казни во денешна Русија се издржуваат во такви логори на воени затвореници, кои честопати се наоѓаат многу далеку од сите поголеми градови и други установи. Затворениците задолжително мора да работат, а најчесто тоа се работилници за шиење или за изработка на мебел.

Руското правосудство минатата недела ја потврди пресудата за 44-годишниот Навални за случај на измама во 2014 година, која тој, како и голем број западни држави и невладини организации, ја сметаат за политичка.

Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија, каде помина скоро пет месеци во опоравување од труењето со нервен агенс, за кое го обвини Кремљ. Тој е казнет и за „клевета“ и го чекаат уште неколку судски процеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.