Руската антикорупциска фондација на опозицискиот лидер Алексеј Навални објави афера во која е инволвиран рускиот претседател Владимир Путин, непосредно по апсењето на опозициенерот Алексеј Навални.

Во аферата именувана како „Палатата на Путин“ се тврди дека луксузна палата изградена на заливот на Црното Море наменета за рускиот владетел чини 1,3 милијарди американски долари, а зафаќа простор од 17 илјади хектари. Во извештајот е наведено дека во луксузниот имот е вклучена црква од 2,5 илјади метри квадратни стаклена градина, амфитеатар, неколку станбени згради и „специјален тунел“ што води до брегот. Во самата палата се вклучени домашно кино, лоби со бар, казино и сала со автомати и базени – пишува Слободна Европа.

Според руската политичка опозицијата, луксзуниот имот станал симбол на неконтролирана државна корупција што доаѓа од самиот врв.

Ова е една од најдобро чуваните места во Русија и ова е најголемата тајна на Путин, која е заштитена од стотици па дури и илјадници непознати луѓе во Русија – вели Навални како наратор на почетокот од видеото објавено на Јутјуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.