Рускиот опозициски лидер и дисенд, Алексеј Навални, ја критикуваше одлуката на Твитер да го блокира профилот на досегашниот американски претседател, Доналд Трамп.

Во серија твитови, Навални истакнува дека таквата постапка на Твитер е недозволив чин на цензура.

Притоа, Навални вели дека Трамп пишувал одредени пораки што биле неодговорни, но дека за тоа бил казнет со губење на изборите. според Навални, одлуката на Твитер да го блокира Трамп има политичка позадина.

Навални порачува дека ваквата одлука на Твотер е опасна за демократијата ширум светот затоа што претставува опасен преседан, на кој може да се повикаат разни диктатори кои ќе сакаат да ја задушат слободата на говор.

Истовремено, Навални порачува дека пред своеволно да блокира профили, компанијата треба да креира тело кое ќе создаде критериуми и ќе одлучува кој профил треба да биде блокиран, при што на јавноста треба да и бидат познати членовите во тоа тело и можностите да се обжали таквата одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.