Алијансата излезе со став по истекувањата на гас од Северен тек 1 и 2 овие дена, јави дописничката на МИА од Брисел.

Северноатлантската алијанса смета дека вестите за истекувањата на гасот од Северен тек 1 и 2 во Балтичкото море се причина за “длабока загриженост“.

„Ние, како сојузници, се залагаме да се подготвиме да обесхрабриме, да се браниме против секаква насилна употреба на енергијата и други хибридни тактики од страна на државни и недржавни ентитети. Секој намерен напад врз критичката инфраструктура на сојузниците ќе биде пресретнато со обединет и одлучен одговор, се наведува во реакцијата на Алијансата.

Вкупно се регистрирани четири истекувања на Северен тек 1 и 2 од вчера.

Според информациите на НАТО станува збор за намерна и неодговорна саботажа, но соопштението не идентификува виновник со име.

НАТО предупредува дека овие истекувања на плин се ризик за поморската индустрија и за животната средина, и пружа поддршка за истрагите за причините на овој инцидент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.