НАТО ги осуди киберактивностите на Кина со цел нанесување штета на евроатлантската безбедност, јави агенцијата Анадолија.

Ја осудуваме злонамерната киберактивност осмислена да ја дестабилизира и да ѝ наштети на евроатлантската безбедност и да го наруши секојдневниот живот на нашите граѓани, се наведува во соопштението на НАТО.

Нагласувајќи ја одлучноста на НАТО да ги одврати и сузбие киберзаканите, се истакнува дека таквите активности ја нарушуваат безбедноста и стабилноста на киберпросторот:

Ги поздравуваме изјавите на сојузниците како што се Канада, Велика Британија и САД кои одговорноста за хакирањето на серверот Мајкрософт ексчејнџ ѝ ја припишуваат на Кина.

Сите држави, вклучувајќи ја Кина, ги повикаа да се придржуваат на меѓународните обврски во киберпросторот.

Нагласена е и подготвеноста за одржување конструктивен дијалог со Кина.

Европската Унија исто така упати соопштение, повикувајќи ја Кина да преземе мерки против злонамерните киберактивности од нејзина територија, и најостро ги осуди споменатите активности, потсетува Анадолија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.