Наставниците и училишниот персонал во Њујорк од денеска треба да се вакцинираат против Ковид-19.
Претседателот на Обединетиот синдикат на наставници, Мајкл Малгру рече дека 97 проценти од членовите на неговиот синдикат примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио во петокот предупреди дека 148.000 луѓе вработени во училиштата мора да бидат вакцинирани за да не добијат неплатено отсуство или прекин на работата.
Според него, 90 проценти од вработените во Министерството за образование примиле барем една доза од вакцината, вклучувајќи 98 проценти од директорите на училиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.