Наставниците во Франција денеска протестираат против владината политика во однос на пандемијата на коронавирус.

Откако децата се вратија на училиште пред 10 дена, властите трипати ги менуваа мерките за училиштата, а во услови на повеќе од 250.000 луѓе заразени со коронавирус дневно, владата укина голем број ограничувања.

Синдикатите на наставниците бараат подобра заштита на работното место бидејќи бројот на позитивни примероци во училиштата го надмина дури и државниот просек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.