Австралиска наставничка од југозападен Сиднеј е обвинета за сексуално насилство врз ученик во нејзиниот автомобил. Моника Јанг (23) е обвинета според повеќе точки од кривичниот закон за сексуален однос со студент и испраќање несоодветни пораки.

Наставничката наводно имала врска со ученикот (14), а пред судот во Сиднеј се изјаснила за невина по сите 12 обвиненија.

Судијката Кејт Трејл изјави дека судот претходно ќе ги сослуша наводите на жртвата, покрај што ќе бидат сослушани уште двајца сведоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.