Професорка која била фатена на дело како се бакнува со малолетен ученик, осудена е на казна затвор поради непристојна врска.

Натали Гулас (36) од Колорадо и малолетното момче од 14 години се фатени на дело како се бакнуваат од страна на мајката на момчето за време на приватните часови поради кои Гулас доаѓала дома кај нив.

Како што се наведува, мајката на детето веднаш повикала полиција.

Според зборовите на обвинителството, Гулас е прогласена за виновна според три точки, вклучувајќи и сексуална експлоатација над дете.

На судењето е кажано дека таа го завела момчето, како и дека тие меѓусебно се нарекувале вереници.

Според законот кој важи во Колорадо, на сексуалните предатори казните им се одредуваат пред да одат во затвор, па така таа може да биде обвинета и на десет години робија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.