Во ноќен клуб во пристаништето во источен Лондон во Јужна Африка се откриени тела на најмалку 17 млади луѓе, соопшти денеска локалната полиција.

Жртвите се на возраст меѓу 18 и 20 години, изјави полицискиот претставник Тембинкоси Кинана, додавајќи дека во тек е истрага за околностите во кои тие настрадале.

Телата се пронајдени во клуб во населбата Синери Парк.

На социјалните мрежи кружат фотографии од клубот на кои се гледаат телата на жртвите без видливи повреди.

Голем број луѓе се собраа недалеку од клубот во Источен Лондон, милионски град на околу 700 километри јужно од Јоханесбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.