Малезиските владини службеници мора да бидат целосно вакцинирани против корона вирусот, а во спротивно ќе се соочат со отказ. Новите правила се објавени на веб-страницата на Владата.

Согласно владина наредба, сите владини службеници се лично одговорни за својата целосна вакцинација против корона вирусот. Ова е неопходно за да се обезбедат безбедни услови за работа и да се обезбедат услуги. Од 1 ноември вработените кои нема да ги почитуваат упатствата ќе подлежат на дисциплински мерки, вклучително и престанок на работен однос – се вели во соопштението.

Доколку работникот не може да се вакцинира од медицински причини, мора да добие лекарско уверение од одредени институции.

Според последните податоци, 98 отсто од државните службеници во Малезија се вакцинирани. Степенот на имунизација на полнолетните граѓани достигна 95 проценти.

Министерството за здравство спроведува и кампања за вакцинација на малолетните лица, со цел наскоро да бидат имунизирани против Ковид 60 отсто од децата на возраст меѓу 12 и 17 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.