Јавниот бвинител на Кретеј, Лор Бекуо, на прес-конференција дадена вечерва, посочи дека напаѓачот од Вилжуиф неколку пати извикувал „Алах Акбар“ за време на неговиот убиствен напад во петокот попладнето, јави дописникот на МИА.

Во нападот загина едно лице, а најмалку две други лица се повредени. Едно лице од муслиманска вера го поштедил напаѓачот, откако побарал од него да рецитира молитва на арапски.

Лор Бекуо го опиша нападот „како екстремно насилство“ при што напаѓачот покажал „екстремна решеност“.

Обвинителот притоа додаде дека е формирана медицинско-психолошка ќелија за многуте сведоци кои биле сведоци на овој напад, што траел околу еден час, помеѓу 14 и 14:45 часот.

Напаѓачот се обидел да побегне, пред да биде убиен од полицијата во соседната општина Хе ле Роз.

Напаѓачот страдал од „психолошки нарушувања“ и не бил познат по радикализација, но „некои елементи поврзани со религијата“ биле пронајдени во неговите лични работи. Под идентитет на Натан Ц., овој млад човек, кој беше убиен од полицијата, беше „познат поради кривични дела, но непознат за специјализираните разузнавачки служби“. Сепак не се исклучува овој предмет да се најде во специјализираното обвинителство за борба против тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.