Напаѓачот во болницата во Чешка, каде уби најмалку шест луѓе, се убил по пресметка со полицијата, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи, Адам Војтеч.

Полицијата околу 10.30 часот лоцирала автомобил во кој бил напаѓачот и почнала да пука кон него, по што тој се застрелал во главата.

Како што пренесуваат чешките медиуми, напаѓачот од близу им пукал на луѓето во главата и виталните делови на телото.

Полицијата ја евакуирала болницата и го барала напаѓачот кој беше во бегство. На местот на инцидентот имаше и специјална полиција.

Според информациите, пукањето се случило на одделот за трауматологија. Болницата во која се случи нападот има околу 1200 кревети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.