Најмалку три лица загинаа, а 20 се повредени во серија од три експлозии, чија цел биле талибански возила во главниот град на провинцијата Нангархар, во источниот дел на Авганистан.

Засега никој не преземал одговорноста за денешниот напад во Џалалабад, но терористичка организација Исламска држава има седиште во источен Авганистан и е непријател на новите талибански власти во земјата.

Не е познато дали меѓу загинатите и повредените во овој инцидент имало талибански службеници, а денеска, според соопштение на полицијата, во главниот град Кабул, исто така, експлодирала леплива бомба при што две лица биле повредени, но не е познато која била конкретната цел на овој напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.