Наместо верниците да се радуваат со фрлање на крстот и осветување водите, наидоа да затворени порти и бегање на свештеникот во друга црква.

Денеска на големиот Христијански празник Богојавление – Водици портите на Македонскиот Православен Храм „Св. Димитрија“ во Спрингвал, Мелбурн останаа затворени за верниците и чинот фрлање на Светскиот Крст и Осветување на водите не беше спроведен.

Причината за затворените порти на Црквата на овој голем празник е недоразбирањето и проблемите што ги има црковната управа со Митрополитот г.Петер и со Свештенството кое е назначено од страна на самиот Митрополит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.