Бразилскиот сој на коронавирусот стигна во Европа. Првите случаи се регистрирани во Белгија и во Шведска, а здравствените власти се загрижени дека за брзо ќе се прошири повеќе. Досега се откриени 92 варијанти на вирусот во Бразил, но најопасната е П1, позната како бразилски сој, која е многу позаразна од класичниот вирус. Според информациите од Бразил, овој сој е присутен кај 90 отсто од новозаболените и ја зголеми смртноста во земјата од илјада на 4 илјади починати дневно.

Од 877 потврдени случаи на сојот П1, има речиси 200 заразени во Британска Колумбија, што го прави најголемо жариште на бразилскиот сој надвор од јужноамериканската држава, каде има повеќе од милион активни случаи, а бразилските власти велат дека околу 90 проценти од пациентите страдаат од П1-вирусот.

Се верува дека П1 е многу заразен и значително пофатален за помладите луѓе и има голема моќ да ги реинфицира луѓето кои прележале ковид-19.

Претходните студии покажаа дека може да изврши реинфекција на 25 до 61 процент од луѓето кои го прележале ковид-19, но вистинскиот број ќе се утврди само кога ќе се знае повеќе за бразилскиот мутиран тип.

Во моментот, покрај Бразил, најголемото жариште на овој опасен сој се наоѓа во канадскиот скијачки центар Вистлер, во Британска Колумбија, објави „Гардијан“. Провинциските власти мораа да го затворат одморалиштето кон крајот на март кога сфатија дека меѓу оние кои се заболени од коронавирусот има и со бразилски мутиран тип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.