Стручните лица на Меѓународната комисија за вонредна ситуација на Светската здравствена организација (СЗО) им препорачуваат на сите земји да се подготват за ширењето на коронавирусот.

Владите треба да ги преземат сите мерки на претпазливост, се вели во соопштението на СЗО.

Може да се случи коронавирусот да стигна во која било земја. Затоа секоја држава треба да се биде подготвена да ја спречи заразата со активно следење на ситуацијата, рано откривање на заразата, изолирање и контролирање на случаите и информирање на СЗО, се додава во соопштението.

Во Кина досега како последица од коронавирусот починаа 26 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.