Џозеф Џо бајден денеска ќе ја има својата инаугурација со што официјално ќе стане 46. претседател на САД.

Ви претставуваме 10 помалку познати факти од животот на новиот американски шеф на државата.

1. Учествувал во пишувањето и се залагал за Законот против насилство над жените.

2. Како мал пелтечел, но рецитирал поезија за да ја совлада говорната маана.

3. Во декември 1972 година, првата сопруга на Џо Бајден, Неилија и неговата едногодишна ќерка Наоми загинале во сообраќајна несреќа. Неговите двајца постари синови исто така биле повредени во несреќата.

Бајден тогаш првпат бил избран за во Сенат, но наместо да се пресели во Вашингтон тој секојдневно патувал со воз за да може да помине повеќе време со своите синови.

4. Откако ја загубил својата сопруга и ќерката во сообраќајната несреќа, Џо Бајден положил заклетва за Сенатот пред болничките кревети на своите синови.

5. На 29 години бил најмладиот човек кој што некогаш бил избран во Сенатот во САД. До моментот на давање заклетва го исполнил својот услов за возраст од 30 години.

6. Тој е вториот католички претседател во историјата на САД, по Џон Ф. Кенеди.

7. За себе вели дека не пие, не пуши, не се дрогира, но обожува сладолед и тоа од чоколадо.

8. Победата на изборите одржани на 3 ноември, за бајден е „трета среќа“. Првпат се кандидираше за претседател на САД во 1998 година, а вторпат во 2008 година.

9. Бајден (77) е најстариот претседател на САД што некогаш бил избран.

10. Има две кучиња, домашни миленици коишто припаѓаат на расата германски овчар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.