Во напад на милитанти на Исламска држава загинале еден цивил и четворица членови на Пешмерга – армијата на регионот Курдистан, автономниот регион во северен Ирак.

Безбедносни извори соопштија дека нападот се случил во близина на селото Кара Салем.

Регионалното министерство за Пешмерга соопшти дека во нападот има жртви, но не прецизираше за колкав број станува збор.

Извор од ирачката полиција соопшти дека безбедносните сили се мобилизирани да им помогнат на Пешмерга.

Во одделен напад во северен Ирак, милитантна група го зазела селото Лухаибан.

Двете села се наоѓаат во оддалечен регион за кој право полагаат и владата во Багдад и регионот Курдистан.

Во оваа област Исламската држава редовно изведува вооружени напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.