Најмалку осум лица се избодени со нож во напад кој се случил во Шведска. Според првичните инфомации станува збор за терористички напад, пренесува АФП.

Полицијата наведува дека осомничениот е стар дваесетина години. Нападот започнал околу 15 часот кога тој со нож почнал да боди случајни минувачи во градот Ветландa, на југот на Шведска. Додаваат дека повредите се сериозни.

Полицијата инцидентот го третира како терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.