Во средно училиште во градот Њупорт, во сојузната американска држава Вирџинија, имало пукање од огнено оружје, поради што во тек е евакуација на учениците. Според првичните информации, две лица се пренесени во болница, но, наводно, нивните повреди не се опасни по живот. Според локалната полиција, информациите за пукањето во други училишта се лажни.

Во соопштението од полицијата на Њупорт се наведува дека полицајците излегле на местото на настанот и дека истрагата е во тек.

Во тек е евакуација на учениците од гимназијата Херитиџ, а тие се префрлени на тениските терени, каде што ќе можат да се сретнат со своите родители.

Според локалните медиуми, засега нема детали за повредените, но и за тоа дали напаѓачот или повеќе од нив се фатени, бидејќи истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.