Најмалку десет деца загинаа кога се преврте чамец на езерото Танда Дам во Пакистан, пренесува „Скај њуз“. Уште девет се сметаат за исчезнати.

Шестмина се спасени, а тројца се во критична состојба.

Локалната полиција соопшти дека на чамецот имало 25 ученици од верско училиште и дека биле на пикник.

Децата биле на возраст од 11 до 13 години.

Истиот чамец претходно превезувал група од 16 ученици преку езерото.

Според првите пријави, чамецот се превртел поради преоптоварување“, соопштија од полицијата.

Неколку часа пред оваа несреќа, автобус падна од мост во Пакистан, при што загинаа најмалку 40 луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.