Група американски научници тврдат дека во првите три месеци од оваа година во целиот свет починале најмалку 800 луѓе поради дезинформации поврзани со корона вирусот.
Според студија објавена во Американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, околу 5.800 луѓе биле примени во болница како резултат на лажни информации на социјални медиуми.
„Би-Би-Си“ пренесува дека многумина починале затоа што пиеле метанол или алкохолни средства за чистење. Тие погрешно верувале дека овие производи се лек за вирусот.
Многу од жртвите следеле совети кои потсетуваат на веродостојни медицински информации, како што се јадење голема количина лук или голтање големи количини на витамини, како начин да се спречи инфекцијата. Други пиеле супстанции како што е кравја урина. Сите тие дејства имаат потенцијално сериозни последици за нивното здравје – велат научниците, автори на студијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.