Најмалку 16 луѓе загинале, а 11 се повредени во силна експлозија за која се претпоставува дека била предизвикана од истекување гас во пакистанскиот град Карачи.

Локалните власти соопштија дека експлозијата се случила пред зграда во индустрискиот дел на Карачи, а урнати се покривот и ѕидовите.

Азра Печуху, министерка за здравство на јужната покраина Синд, чиј главен град е Карачи, информира дека во експлозијата загинале најмалку 16 лица, а 11 биле повредени.

Сите 11 повредени се во критична состојба.

Полицијата соопшти дека експлозијата, според првите информации, била последица на истекување од блискиот гасовод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.