Најмалку 11 лица загинаа, а 25 други се ранети во два одвоени бомбашки напади во сомалискиот главен град Могадишу.

Како што соопшти локалната полиција, нападите биле извршени со активирање на автомобили бомби. Првиот напад се случил близу безбедносен пункт пред Претседателската палата, а вториот на патот кон аеродромот во Могадишу.

Одговорност за нападите презеде исламистичката група Ал Шабаб, која важи за огранок на терористичката мрежа Ал Каеда во Сомалија.

Во соопштението на Ал Шабаб, која често извршува напади во Могадишу, се наведува дека цел последните нивни акции била „првата линија на одбраната“ на претседателската резиденција и на аеродромот.

Ал Шабаб стои зад најсмртоносниот терористички напад во светот по нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2011 година, кога при напад со камион бомба во Могадишу во 2017 година загинаа над 500 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.