Десет луѓе загинаа, а 16 се повредени кога камион удрил во група луѓе традиционален панаѓур во јужниот дел на Кина, соопшти денеска локалната полиција.

Камионот возел по удолница кога возачот изгубил контрола и удрил во луѓето во градот Хуаши во провинцијата Хунан, стои во полициското соопштение.

Возачот е приведен, а во тек е и истрага за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.