Во еден часот по полноќ по локално време во американскиот град Дејтон се случи вооружен инцидент. Како што јави локалната ТВ станица „WHIO-TV“ убиени се најмалку 10 лица. Според американските медиуми се уште не е познат бројот на повредените лица. Се шпекулира со бројка од 16 повредени.

Инцидентот се случи само неколку часа откако во Ел Пасо 21-годишно момче уби 20 и повреди 26 луѓе откако отвори оган во продавница на „Волмарт”.

Според „ЈуЕсЕј Тудеј” (USA Today) маскрот во Ел Пасо е 250 пукотница што се случила во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.