Минималната плата во 13 од 21 членка на ЕУ, што ја имаат законски пропишано, во јануари годинава изнесува помалку од илјада евра, во две нешто повеќе од илјада евра, во шест била над 1.500 евра, а разликата помеѓу најниската и највисоката минимална плата е повеќе од седум пати, соопшти денеска Евростат.

Најниска минимална плата имаат Бугарите од 332 евра, додека во Луксембург е највисока и изнесува 2.257 евра.

По Бугарија следуваат Летонија со 500 евра, Романија 515, Унгарија 542, Хрватска 624, Словачка 646, Чешка 652, Естонија 654, Полска 655, Литванија 730, Грција 774, Малта 792 и Португалија 823 евра.

Словенија има нешто повеќе од илјада евра – 1.074, Шпанија 1.126 евра, а шест земји имаат повеќе од 1.500 евра, Франција 1.603, Германија 1.621, Белгија 1.658, Холандија 1.725, Ирска 1.775 и Луксембург 2.257 евра.

Резултатите се малку поинакви кога минималната плата се мери според стандардот за куповна моќ. Според тоа, Бугарија и понатаму има минимална плата од 604 евра, а Луксембург 1.707 евра, па разликата е нешто помала од три пати.

Според стандардот за куповна моќ, минималната плата во Хрватска е нешто помала од 900 евра, а потоа следуваат Грција, Унгарија, Чешка, Естонија, Словачка, Латвија и Бугарија.

Малта, Португалија и Романија се меѓу земјите со минимална плата помала од илјада евра според стандардот за куповна моќ.

Останатите осум земји имаат до 1.500 евра, Германија има нешто повеќе од 1.500, а Луксембург 1.707 евра.

Шест земји во ЕУ немаат пропишано законска минимална плата, но таа е одредена со колективни договори. Тоа се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.