Безбедносните сили во Мјанмар убиле сто граѓани на најсмртоносниот ден од военото преземање на власта на 1 февруари. Светските медиуми го нарекеоа денешниот ден во Мјанмар „Ден на теророт“.

Здружението за помош на политички затвореници, локална надзорна група, забележало најмалку 91 смртен случај, вклучително и деца.

Нè убиваат како птици и пилиња, дури и во нашите домови – вели Ту Ја Зо жител од централниот град Мјингјан, за новинската агенција „Ројтерс“.

Смртоносните напади уследиле откако демонстрантите им пркоселе на предупредувањата и излегоа на улиците на Денот на оружените сили.

Американските, британските и државниците на Европската Унија го осудија насилството.

Најновите смртни случаи го зголемија бројот на убиени во протестите во Мјанмар на повеќе од 400.

Војската ја презеде контролата над државата во југоисточна Азија по изборите на кои победи партијата на Националната лига за демократија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.