Гигантот „Кока-кола“ забележа најголем пад на прилагодената заработка во второто тримесечје, во последните 25 години и на годишно ниво достигнува дури 33 проценти по акција.
Сепак, како што е наведено од компанијата, а пренесено од CNBC, тие полека забележуваат зголемување на побарувачката заради олеснување на мерките за карантин.
Нето заработката на „Кока-кола“ во вториот фискален квартал беше 1,78 милијарди долари, или 41 цент по акција, што е намалување од 2,61 милијарди долари или 61 цент по акција во истиот период во 2019 година.
Нето продажбата на „Кока-кола“ падна за 28 проценти на 7,2 милијарди американски долари . Исто така, забележан е пад на побарувачката за „Кока-кола зеро“, што инаку ја зголеми продажбата на компанијата, за околу 4 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.