Во Велика Британија минатата година е регистриран најголем пораст на прекумерни смртни случаи во земјата од 1940 година за време на Втората светска војна.

Минатата година во Велика Британија имало околу 697.000 смртни случаи, што е речиси 91 илјада повеќе од предвиденото врз основа на просекот во претходните пет години. Ова бројка во реалноста е уште поголема, со оглед на тоа што не го опфаќа морталитетот во декември 2020 година, бидејќи податоците се достапни само заклучно со ноември.

Велика Британија има една од највисоките стапки на прекумерна смртност во светот и повеќе смртни случаи на еден милион луѓе отколку повеќето други европски земји или САД – истакна Ричард Мари, генерален директор на здравствената хуманитарна организација, „Кралскиот фонд“.

Мари порача дека „е потребно да се спроведе јавна истрага за точно да се утврди во што е проблемот за таквата состојба, но дека грешките се веќе направени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.