Бирото за статистика на ЕУ наведува дека падот на БДП од 11,4 или 11,8 проценти во споредба со првиот квартал од 2020 година е „убедливо најостриот пад забележан од почетокот на кварталното мерење во 1995 година.

Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП падна за 14,7 проценти во еврозоната и за 13,9 проценти низ цела ЕУ.

Во текот на вториот квартал на 2020 година, трошоците за потрошувачка на домаќинства се намалени за 12,4 проценти во еврозоната. Во истиот период, извозот се намали за 18,8 проценти во еврозоната и ЕУ, додека увозот е намален за 18 проценти во еврозоната и 17,8 проценти во ЕУ.

Еврозоната во вториот квартал од 2020 година забележа намалување на бројот на вработени во споредба со првите три месеци од оваа година за 2,9 и 2,7 проценти на ниво на ЕУ, што е исто така најострото опаѓање од почетокот на кварталната мерење од 1995 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.