Остатоци од францускиот борбен авион „мираж 2000Д“ со два пилота пронајдени се во Мињовилар во областа Жир.

Авионот за време на снежната бура исчезнал недалеку од границата со Швајцарија, а по пилотите се уште се трага, јавуваат француските медиуми.

Се надеваме дека ќе ги пронајдеме живи. Зсега се водат како исчезнати-изјавил портпаролот на француските воздухопловни сили Сирил Дививие, на конференција за новинарите, пренесува Фигаро.

Дививие навел дека со пилотите не е воспоствен никаков контакт откако исчезнал  авионот од радарите денеска претпладне и дека немало сигнали дека се катапултирале.

Според неговите зборови, не е активиран механизмот за катапултирање под седиштето.

Неименуван воен извор рекол дека само се знае дека се случило нешто невообичаено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.