Во САД во последните 24 часа од коронавирус починаа 1.169 лица, соопшти американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ и додаде дека ова е најголем број мртви досега во една во земја, во еден ден, откако изби епидемијата.

Досега во САД од коронавирус починаа 5.926 лица.

Во САД во последните 24 часа се регистирани уште 30 илјади лица позитивни на коронавирус, а бројот на заразените се искачи на 243 илјади.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.