Кинескиот град Нангонг понуди награда од 500 јуани (77 долари) за секој што ќе пријави граѓанин кој не е тестиран на коронавирус.

Локалните власти дадоа таква понуда бидејќи милиони луѓе во градот и околната провинција Хебеи се тестираат во рамки на напорите да се стави под контрола најновото избивање на епидемијата на Ковид-19.

Кина долго време го контролира локалното пренесување на вирусот со воведување мерки, кои многумина ги сметаат за екстремни и многу наметливи, како на пример „локдаун“ на цели градови, електронско следење на движењето на луѓето и забрана за внатрешни патувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.