Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, предупреди дека ситуацијата во Нагорно Карабах станува се полоша и се ближи до хуманитарна катастрофа.

На средба со амбасадорите во неговата земја, Пашинјан соопшти дека ситуацијата на фронтот е тензична и дека примирјето не се почитува.

Тој повтори дека Азербејџан го прекршил договорот за прекин на огнот постигнат во Москва, додавајќи дека Азербејџан се обидел да го заземе градот Гадрут веднаш штом стапи во сила примирјето.

Блиску сме до хуманитарна катастрофа во зоната на конфликтот, ако не и на прагот, и единствениот начин да се спречи е да се признае правото на самоопределување и признавање на независноста на народот во Нагорно Карабах – потенцира Пашинјан

Пашинјан додаде дека борби има во областа Гадрут и дека армијата на Нагорно Карабах спроведува операција за неутрализирање на противничките групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.