Цената на нафтата на светските пазари денеска падна како резултат на рекордниот дневен пораст на заразени со коронавирус ширум светот, со голем скок во САД во текот на викендот.

Трговците за натамошни насоки го очекуваат состанокот на ОПЕК, што треба да се одржи оваа недела.

Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар утрово падна за 53 центи, на 42,71 американски долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 64 центи пониска цена, за 39,91 американски долари.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека во светот во последните 24 часа се регистрирани 230.370 случаи на заразени со коронавирус, што е рекорден дневен пораст од почетокот на пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.